Илија Михајлов (роден на година во - починал на година во ) — македонски професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа уредување на шумите и за предметите уредување на шумите и дендрометрија.

Животопис

Михајлов дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија (1930), каде што бил избран за асистент (1933). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб (1939), а подоцна работел во Врховната стопанска комора во Софија (1944–1947). Еден од првите професори на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје по неговото формирање (1947). Истакнат и познат научен работник на домашен и на меѓународен план. Автор е на првиот учебник по „Дендрометрија“ за студентите од областа на шумарството во Македонија (1953), како и на „Уредување на шумите“. Објавил повеќе од 60 научни трудови.

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори