200px|right|thumb|Колекција на изложени биви во јапонски музеј. 200px|right|thumb|Перца за чикузен (лево) и сацума бива (десно). — јапонски традиционален музички инструмент, жичен, во форма на лејта со краток врат, богато украсен со орнаменти. Обично се користела за наративно пеење и усмено пренесување на приказни и митови. Бивата исто така е избран инструмент на шинтоистичката божица Бензајтен (божица на музиката, елоквенцијата, поезијата и образованието).
Тешко е точно да се утврди кога бивата е донесена во Јапонија; некои научници тврдат дека води потекло уште од периодот кофун (250-538 н.е.). Други пак сметаат дека постои можност дека бивата била донесена во текот на владеењето на царот Кинмеј, од страна на слепите будистички монаси познати под името мосо.
Наводи
Категорија:Јапонска култура Категорија:Јапонска музика Категорија:Јапонски инструменти Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ