мини|десно|250п|Плик Плик, плико или коверт () – хартија превиткана и залепена со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл. Тоа е вид амбалажа за пишани пратки. Вообичаено се изработуваат машински, но може и рачно , најчесто со виткање и лепење на хартија во облик на ромбоид.
Историја Најстарите зачуван облик на пратка со омот потекнува од Вавилонците (околу 2000 година п.н.е.). Тие своите официјални пораки, за да не се оштетат при транспортот, ги обмотувале со печена глина, така што примачот морал да го скрши омотот за да ја прочита пораката. Во средниот век, рачно напишаните пораки ги обмотувале со хартија, а потоа ги запечатувале со восок. Пликот, каков што денес го познавама, бил создаден со појавата на британската и француската поштенска служба, во 17 век. За појавата на овој изум, покрај организирањето на поштата, влијание имала и замената на пергаментот со обична хартија, а влијание имал и развојот на европската буржоазија. мини|десно|155п|Првата поштенска марка со ликот на кралицата Викторија Од средниот век има повеќе графички докази за употребата на амбалажа за писмо, а во 1671 година, Антоан де Куртен () во својот „Нов трактат за граѓанското однесување“ () прв пат споменува како на омотот за писмото е напишана адресата на примачот. На француското собрание (1792) било одлучено секое писмо да ја има напишано адресата на примачот, за да лицето кое ги носи не би морало да ги отвора и проверува кому му е упатена пратката. Уште подоцна, 23 февруари 1920 година, исто така во Франција, било одлучено на сите улици во Париз да им се дадат имиња, а од 1830 година официјално почнало разнесување по куќите.
Во Лондон во 1837 година Роуленд Хил () ја објавил првата брошура за реформите на поштата, во која предложил воведување на единствен омот, кој би служел за плаќање на поштарината. Така, според негова идеја, на 1 мај 1840 година била направена првата поштенска марка, во црна боја, со вредност од едно пени, со за сите познатиот лик на кралицата Викторија, кога имала 18 години. Сметал дека марката така нема да биде фалсификувана. Во употреба била во наредните 60 години, сè додека кралицата била на власт.
Формати мини|десно|300п|Различни стандардни формати на пликови Таблица на формати на коверти Ознака за формат Димензии во mm Формат на хартијата C7 90 x 140 посетници C6 114 x 162 A4 се витка 2 х = A6 DL 110 x 220 A4 се витка 2 х = 1/3 A4 C6/C5114 x 229 A4 се витка 2 х = 1/3 A4 C5 162 x 229 A4 се витка 1 х = A5 C4 229 x 324 A4 C3 324 x 458 A3 B6 125 x 176 C6 коверт B5 176 x 250 C5 коверт B4 250 x 353 C4 коверт E4 280 x 400 B4 Форматот C е дефиниран со стандардот ИСО 269. Форматот ДЛ (од ) не е стандарден. Со нешто поголеми димензии, но доста попрактичен е форматот C6/C5, во кој може да влезат неколку листови со формат A4, свиткан три пута, заради што најчесто се користи за праќање деловна документација.
Освен овие формати, постојат коверти со прозорец, најчесто DL и C5 формат, потоа за авионска пошта, за пакување компакт-дискови (ЦД), за посетници (60 x 95 mm), коверти со воздушни перничиња и други.
Адресирање Испраќачот треба писмото да го стави во плик и да го адресира. Заради побрзо оптичко читање на адресата на примачот и поефикасно сортирање на пратките, на адресната страна на пликот, односно на онаа на која не постои прелом и тоа паралелно со подолгата страна на пликот неопходно е да се напише адресата на примачот. На адресната страна се разликуваат 4 подрачја кои служат за: пишување на адресата најмалку 15 mm од десниот и долниот раб, најмалку 40 mm од горниот раб и најмногу 140 mm од десниот раб означување на поштарината и ставање жиг, во висина 40 mm од горниот, 74 mm од десниот раб детекција на адресата, најмногу 15 mm од левиот и десниот раб, 40 mm под горниот раб и 15 mm над долниот раб кодирање, широк 15 mm од долниот раб и долг 140 mm од десниот раб на пратката
Во подрачјето за пишување на адресата на примачот, потребно е да се впишат следните податоци: име и презиме или назив на примачот улица, куќен број, број на влезот, кат, број на стано, село, населба и сл. или поштенски фах со број поштенски број и име на местото (по правило со големи букви) име или скратено име на државата, во случај кога се работи за меѓународна пратка. Во случај кога се бара и потврда за прием, во горниот лев агол на адресната страна или на опачината на ковертот, потребно е да се напише и адресата на испраќачот.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Пошта Категорија:Канцелариска опрема Категорија:Кинески пронајдоци Категорија:Англиски пронајдоци Категорија:Хартиени производи