Кадин Рид — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува осамен објект од римско време ,.
Под селото, од левата страна на Козјачка Река, близу до полскиот пат кон селото Карбинци и кон наоѓалиштето Ханче има мало ритче на кое се наоѓаат остатоци од темели ѕидани од кршен камен и варов малтер, од мал објект кој личи на фортификација – кула. Според исказите на селаните, биле ископани питоси, тули и метални предмети. Поврзано Бандера — каструм од римското време; Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар; Кадин Рид — осамен објект од римското време; Лскач — вила рустика од доцноантичкото време; Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време; Турски Гробишта — објект од римското време; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Козјак (Штипско)