Основно училиште „Нури Мазари“ (во минатото: Основно училиште „Наим Фрашери“; службено: Основно општинско училиште „Нури Мазари“ - Делогожди; скратено: ООУ „Нури Мазари“) — централно основно училиште во струшкото село Делогожди, Општина Струга.

Денес, училиштето е именувано по албанскиот терорист и командант на ОНА, Нури Мазари, додека во минатото училиштето го носело името на албанскиот поет, Наим Фрашери.

Местоположба

Училиштето се наоѓа на самото сретсело, веднаш зад селската џамија.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до деветто одделение.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Екрем Јакупи“ - Корошишта, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Аки Дика“ - Ливада, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Бајрам Хасани“ - Поум, подрачно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Нури Мазари“ - Џепин, подрачно училиште на албански наставен јазик;

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Делогожди Категорија:Делогожди Категорија:Основни училишта во Македонија