Основно училиште „Имри Елези“ (во минатото: Основно училиште „Никола Вапцаров“; официјално: Основно општинско училиште „Имри Елези“ - Чаир; скратено: ООУ „Имри Елези“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.

Денес, училиштето е именувано по припадникот на ОНА, Имри Елези, додека во минатото било именувано по македонскиот писател кој творел на бугарски јазик, Никола Вапцаров.

Именување

Во 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината. Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Чаир Категорија:Чаир Чаир Категорија:Основни училишта во Македонија