Основно училиште „Орце Николов“ (официјално: Основно општинско училиште „Орце Николов“ - Ињево; скратено: ООУ „Орце Николов“) — централно основно училиште во селото Ињево, Општина Радовиш.

Училиштето е именувано по македонскиот комунист и народен херој Орце Николов.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Орце Николов“ се наоѓаат и седум подрачни основни училишта, при што во пет од нив се изведува настава од прво до петто одделение, а во две од нив се изведува настава до деветто одделение. Овие училишта се:

Од прво до петто одделение Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Воиславци Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Дамјан Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Дедино Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Покрајчево Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Сулдурци

Од прво до деветто одделение Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Злеово Подрачно основно училиште „Орце Николов“ во село Калуѓерица

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Ињево Категорија:Ињево Категорија:Основни училишта во Македонија