Основно училиште „Петар Поп Арсов“ (официјално: Основно општинско училиште „Петар Поп Арсов“ - Богомила; скратено: ООУ „Петар Поп Арсов“) — централно основно училиште во велешкото село Богомила и едно од трите основни училишта во Општина Чашка.
Училиштето е именувано по македонскиот национален деец, филолог и револуционер Петар Поп Арсов.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во повисоката зона од селото Богомила, на патот за манастирот „Св. Спас“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во рамките на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Богомила. Овие училишта се: Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Извор Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Ореше Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Согле
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Чашка Категорија:Богомила Богомила Категорија:Основни училишта во Македонија