Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Општинско основно училиште „Пецо Даскалот“ - Долнени; скратено: ООУ „Пецо Даскалот“) — централно основно училиште во прилепското село Долнени, Општина Долнени.

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Пецо Даскалот.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на поштата.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта: ПУ „Пецо Даскалот“ - Вранче; ПУ „Пецо Даскалот“ - Сенокос; ПУ „Пецо Даскалот“ - Браилово; ПУ „Пецо Даскалот“ - Бело Поле; и ПУ „Пецо Даскалот“ - Заполжани.

Од нив, единствено во подрачното училиште во Вранче се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Долнени Категорија:Долнени Категорија:Основни училишта во Македонија