Основно училиште „Раде Кратовче“ (официјално: Основно општинско училиште „Раде Кратовче“ - Кочани; скратено: ООУ „Раде Кратовче“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.
Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче.
Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани.
Историја
мини|лево|160п|Бистата на Раде Кратовче.
ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното основно училиште „Никола Карев“. Вториот кат бил изграден во 1963 година.
ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.
Досегашни директори
Георги Чадиковски Благој Давитков Драган Трајчев
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Раде Кратовче“ - Нивичани, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Кочани Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Кочани Категорија:Појавено во 1939 година во Македонија Категорија:Појавено во 1939 година во Југославија Категорија:Основни училишта во Македонија