Основно училиште „Реџо Рушит“ (официјално: Основно општинско училиште „Реџо Рушит Зајази“ - Зајас; скратено: ООУ „Реџо Рушит“) — централно основно училиште во кичевското село Зајас, Општина Кичево.

Училиштето е именувано по албанскиот партизан и делегат на АСНОМ Реџо Рушит (Зајази).

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Реџо Рушит“ - Зајас Теќе, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Реџо Рушит“ - Зајас Џума, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Реџо Рушит“ - Зајас Челикај, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Реџо Рушит“ - Колари, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Реџо Рушит“ - Долно Строгомиште, петгодишно подрачно училиште; ПУ „Реџо Рушит“ - Горно Строгомиште, петгодишно подрачно училиште.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Зајас Категорија:Зајас Категорија:Основни училишта во Македонија