Основно училиште „Мирче Ацев“ (службено: Подрачно основно општинско училиште „Мирче Ацев“ - Могорче; скратено: ПООУ „Мирче Ацев“) — подрачно основно училиште во дебарското село Могорче, составен дел на ОУ „Ристе Ристески“ во селото Долно Косоврасти.
Училиштето е именувано по народниот херој Мирче Ацев.
Историја
Од 1966 до 1975 година учениците од Могорче учеле во централното училиште во селото Долно Косоврасти. Во 1975 година, во селото Могорче било изградено ново подрачно училиште, кое го добило името „Мирче Ацев“, кое и денеска постои како подрачно основно училиште во склоп на основното училиште „Ристе Ристески“ и се изведува настава на македонски наставен јазик.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Службена страница на ООУ „Ристе Ристески“ - Долно Косоврасти
Категорија:Основни училишта во Општина Дебар Могорче Категорија:Могорче