Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Делчево; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Делчево, Општина Делчево.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Историја
Училиштето е основано во 1996 година од страна на Министерството за образование наука и култура, а со децентрализацијата на локалната самоуправа, основач е Општина Делчево.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Св. Климент Охридски“ - Стамер, подрачно петгодишно училиште; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Град, подрачно деветгодишно училиште; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Вирче, подрачно петгодишно училиште; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Тработивиште, подрачно деветгодишно училиште; ПУ „Св. Климент Охридски“ - Разловци, подрачно деветгодишно училиште;
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Делчево Делчево Категорија:Основни училишта во Делчево Категорија:Основни училишта во Македонија