Основно училиште „Симче Настевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Симче Настевски“ - Вратница“; скратено: ООУ „Симче Настевски“) — централно основно училиште во тетовското село Вратница, Општина Јегуновце.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан и првоборец од НОБ, кој бил од овој крај, Симче Настевски, кој загинал во 1943 година.

Местоположба

Училиштето е сместено во средишниот дел на селото.

Историја

Училиштето постои од 1893 година и има долга и богата традиција. Од 1981 година во училиштето се образуваат и деца со лесни пречки во психичкиот развој во посебни паралелки, а кои престојуваат во училишниот интернат.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Симче Настевски“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта. Сите подрачни училишта се петгодишни, освен подрачното училиште во селото Јажинце кое е деветгодишно. Овие училишта се: ПУ „Симче Настевски“ - Долно Орашје, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Симче Настевски“ - Јажинце, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Симче Настевски“ - Рогачево, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Симче Настевски“ - Старо Село, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Симче Настевски“ - Орашје, подрачно училиште на албански наставен јазик.

Организација

Во учебната 2013/2014 година биле запишани вкупно 252 ученика распоредени во 25 паралелки.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Јегуновце Категорија:Вратница Вратница Категорија:Основни училишта во Македонија