Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Стив Наумов“; официјално: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во селото Пласница, Општина Пласница. Училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селото Пласница и селото Преглово.
Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Стив Наумов.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селата Пласница и Преглово.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.
Градба
Училиштето било целосно обновено во 2014 година со околу 300.000 евра помош од страна на турската владина агенција ТИКА.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Пласница Пласница Категорија:Пласница Категорија:Основни училишта во Македонија