Основно училиште „Фаик Коница“ (официјално: Основно општинско училиште „Фаик Коница“ - Радуша; скратено: ООУ „Фаик Коница“) — централно основно училиште во селото Радуша, Општина Сарај.

Училиштето е именувано по албанскиот културен деец Фаик Коница.

Историја

До 1931 година во селото имало само настава на верска основа, а првото четиригодишно училиште било отворено во наставната година 1931/32 со името „Војвода Мишко“ и настава на српскохрватски јазик. Новото училиште започнало да се гради во учебната 1962/63 година.

За време на воениот конфликт во 2001 година, училиштето било оштетено.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Фаик Коница“ - Дворце, подрачно училиште на албански наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Основни училишта во Општина Сарај Радуша Категорија:Радуша Категорија:Основни училишта во Македонија