Основно училиште „Христијан Карпош“ (официјално: Основно општинско училиште „Христијан Карпош“ - Младо Нагоричане; скратено: ООУ „Христијан Карпош“) — централно основно училиште во селото Младо Нагоричане, едно од трите основни училиште во Општина Старо Нагоричане.
Училиштето е именувано по македонскиот комунист и истакнат партизан Христијан Тодоровски-Карпош.
Местоположба
Училиштето се наоѓа надвор од селото Младо Нагоричане, во подножјето на Костоперска Карпа, во месноста Света Петка.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Во централното училиште се изведува настава во прво одделение, како и од петто до деветто одделение, додека во подрачното училиште во Ѓорговци се учи од второ до четврто одделение, во Облавце од второ до петто одделение, а во Бајловце од прво до деветто одделение.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште: ПУ „Христијан Карпош“ - Бајловце, деветгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Христијан Карпош“ - Ѓорговци, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Христијан Карпош“ - Облавце, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Старо Нагоричане Категорија:Младо Нагоричане Младо Нагоричане Категорија:Основни училишта во Македонија