Исток 1 — археолошко наоѓалиште во битолското село Поешево. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. Оваа тумба е сместена блиску до селото, односно на неговата источна периферија. Таа се наоѓа на околу 400m источно од тумбата во центарот на Поешево и врз неа минува патот кон Битола, поради што е тешко воочлива. Со оглед на густата вегетација не може да се констатира многу материјал, освен во дворот на една од куќите каде се забележуваат предисториски, средновековни и рецентни фрагменти од керамика.Гоце НАУМОВ, Слободан СТОЈКОСКИ, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, стр. 169, Зборник на трудови 2015 г., Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола. Поврзано Тумба в Село — населба од бронзено време; Бачилиште — неопределно, непознат период; Исток 1 — населба од неолитско време; Исток 2 — населба од неолитско време; Полигон — населба од неолитско време; Поешево; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Поешево