Завеса, стомна и сад со овошје () – слика од францускиот постимпресионистички сликар Пол Сезан околу 1893 или 1894 година.

Сезан бил славен по своите слики на мртва природа кои изразуваат сложени емоции додека во исто време се темелени на внимателно набљудување на стварноста. Сликите од овој вид ќе доведат до нови модерни уметнички движења во почетокот на 20 век, како што е кубизмот.Ulrike Becks-Malorny, Paul Cézanne, 1839-1906: Pioneer of Modernism, Koln, 2001., str. 67. .

Сликата ја поседувале низа трговци со уметнички дела (Амброаз Волар, Корнелис Хугендијк, Паул Розенберг и Алберт Барнс) за конечно да заврши во британската галерија Карол Карстерс. На 10 мај 1999 година, сликата била продадена на аукција на куќата Сотби во Њујорк за 60,5 милиони долари, со што влегла во списокот на најскапи слики. Стив Вин, кој учествувал на аукцијата, приватно ја откупил сликата неколку месеци подоцна од неутврден продавач, веројатно за помала цена. Кенет Грифин ја откупил од Вил во 2004 годинаARTnews: Cohen Buys Two Works from Wynn in $120M Deal Пристапено 1 октомври 2016.

Наводи

Категорија:Слики од Пол Сезан