А1 Македонија — македонско акционерско друштво од областа на телекомуникациите.
Историја Во октомври 2015 година официјално започнала со работа новото трговско друштво „Оне.Вип“ настанато со спојување на двата оператора „Оне“ и „Вип“. Притоа, во новата фирма, Телеком Австрија поседувала 55% од акциите, додека 45% биле во сопственост на Телеком Словенија.„оне.Вип официјално стартуваше со работа“, Економија и бизнис, година 18, број 208, октомври 2015, стр. 10.
Во мај 2016 година blizoo, најголемиот кабелски оператор во Македонија, се спои со oнe.Вип.
Во ноември 2017 година Телеком Словенија ги продаде акциите на Telekom Austria Group.
Во септември 2019 година, името на „oнe.Вип“ е променето во „А1 Македонија“.
Во ноември 2025 година Telekom Austria Group го купи blizoo за сума од 155 милиони € од EQT-V, Шведска
Организација и менаџмент Главни извршни директори на А1 Македонија биле: Методија МирчевКирко Бошкоски, Интервју со Методија Мирчев, „Нашите корисници се нашата инспирација“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 12-17.
Активности „А1 Македонија“ нуди услуги во мобилната телефонија, фиксната телефонија, телевизијата и информациско-комуникациската технологија (A1 Cloud Mesaaging, виртуелниот приватен опслужувач A1 VPS, виртуелната клауд инфраструктура Exoscale, апликацијата за масовно испраќање СМС-пораки итн.). Исто така, во 2020 година, „А1 Македонија“ ги претставила првата виртуелна продавница на македонскиот пазар за мобилна телефонија - „А1 Лајв шоп“ (A1 Live Shop), како и „Славчо“, виртуелниот експерт заснован врз вештачка интелигенција.
Наводи
Категорија:Акционерски друштва во Македонија Категорија:Македонски претпријатија