мини|Ањанското Езеро, бањата „Сан Џермано“ и Кучешката Пештера - Сјор де Рожисар (офорт, 1706 година) Ањанското Езеро (италијански: Lago di Agnano) - поранешно кружно езеро, со обем од околу 6 км, што го зафаѓало кратерот на изгаснатиот вулкан кај Ањано 8 км западно од Неапол, Италија. Очигледно не бил формиран сè до средниот век, бидејќи не го споменуваат античките писатели; тоа било исцедена во 1870 година.

На јужниот брег се наоѓаат Стуфе ди Сан Џермано, природни сулфурни бањи на пареа, а во непосредна близина е Кучешката Пештера (Grotta del Cane). Од подот на оваа пештера, топлиот јаглерод диоксид постојано се крева на висина од 46 см: испарувањата го прават кучето нечувствително за неколку секунди. Остатоци од обемна римска градба и некои статуи биле откриени во непосредна близина.

Наводи

Атрибуција

Категорија:Кратерски езера Категорија:Поранешни езера