Црквиште — археолошко наоѓалиште во крајбрежното охридско село Пештани. Се состои од остатоци од средновековна црква пронајдени крај денешната возобовена црква, која е главна на селото.

Наоѓалиштето е сместено на јужниот крај на селото, источно од патот Охрид - Св. Наум се наоѓа црквата „Св. Кузман и Дамјан“ (наречена и „Св. Врачи“), која е обновена во 1844 г. Подигната е врз остатоци од оваа стара црква.

Се смета дека средновековната црква била посветена на „Св. Богородица Одигитрија“ (Патеводителка). бидејќи е спомената во натписот од црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид.

Поврзано Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Пештани

Наводи