мини|250п|Кнешпоље. Кнешпоље, или Кнежопоље, претставува територија на просторот Поткозарје и планината Козара, во северозападниот дел на Република Српска, БиХ.

Географија Границата на Кнешпоље оди по Уна од Козарска Дубица до Српска Костајница, од каде оди со реката Стригова на шумите Пастирево и Каран, па понатаму ги опфаќа селата Горња и Доња Јутрогошта, Црна Долина и Велико и Мало Паланчиште, преоѓа преку Козара и избива на селото Моштаница, а од таму по патот на Моштаница-Дубица се спушта повторно на Уна.

На овој простор сместени се педесетина кнежополски села, од кои поголеми се: Кнежица, Читлук, Стригова, Побрѓани, Велико и Мало Двориште, Горња Јутрогошта, Доњи Јеловац, Паланчиште, Крива Ријека, Градина, Меѓувоѓе, Мљечаница, Слабиња, Шеварлије, Брекиња и други.

Во литературата Поетот и писател Скендер Куленовиќ за место во своето епохално дело „Стојанка мајка Кнежополка“ го избрал Кнешпоље, каде го опишал страдањето на Србите од усташкиот геноцид, и тажењето на Стојанка, мајката на Срѓан, Мрѓан и Млаѓен, над своите мртви синови.

Народни обичаи Кнешпоље е област со посебни народни обичаи. Од народните песни се пеат ојкачи, кои се изведуваат со најмалку три пејачи и без инструментална музика. Од ора се изведува козарачко коло. Традиционален инструмент е тамбурица. Женската кнешполска народна носија се состои од бошќе (марама), кошула и прегача, а мажите носеле шешири.

Жители Жители се нарекуваат Кнежополци и Кнежополки и припаѓаат на Краишниците.

Поврзано Поткозарје Пецијина буна

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Општина Козарска Дубица Категорија:Козара и Поткозарје Категорија:Географија на Република Српска