Премиер на Македонија (службено Претседател на Владата на Република Северна Македонија; некогаш скратено ПВРСМ) — чиновник што стои на чело на Владата на Македонија како нејзин претседател. Со уставот од 1991 година и конституирањето на Македонија како независна држава, во државата се воспостави поинаков принцип на поделба на власта. Како носител на извршната власт беше назначена Владата на Македонија, со премиерот на нејзино чело.
Според Уставот на Македонија, претседателот на владата и министрите ги избира Собранието на Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници (Член 90 од Уставот на РМ). Собранието ја бира владата по предлог на мандатарот. Мандатарот го добива својот мандат за состав на Владата од страна на Претседателот на Републиката во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието и треба да биде од редот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Претседателот на владата и министрите уживаат имунитет и за нивниот имунитет одлучува Владата. Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Република Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно тринаесет претседатели на Влада (меѓу кои еден претседател на преодна влада и 3 претседатели на техничка влада).
Список на премиери Социјалистичка Република Македонија Партија
#Име<small>(Роден–Починал) ФотографијаМандат Политичка партија Министер за Македонија1945 1 Емануел Чучков<small>(1901–1967) 60px 7 март 1945 1945 КПМ Премиер1945 - 1953 2 Лазар Колишевски<small>(1914–2001) 60px 16 април 1945 1953 КПМ (до 1952) СКМ (од 1952) Претседател на Извршниот совет1953 - 1991 2 Лазар Колишевски<small>(1914–2001) 60px 1953 декември 1953 СКМ 3 Љупчо Арсов<small>(1910–1986) 60px декември 1953 1961 СКМ 4 Александар Грличков<small>(1923–1990) 60px 1961 1965 СКМ 5 Никола Минчев<small>(1915–1997) 60px 1965 1968 СКМ 6 Ксенте Богоев<small>(1913–2008) 60px 1968 март 1974 СКМ 7 Благоја Попов<small>(1920–1992) 60px март 1974 29 април 1982 СКМ 8 Драгољуб Ставрев<small>(1932–2003) 29 април 1982 јуни 1986 СКМ 9 Глигорије Гоговски<small>(1943–2022) јуни 1986 27 јануари 1991 СКМ
Македонија
Временска линија
Наводи
Поврзано Претседател на Македонија Влада на Македонија