Мадона во слава со серафими () е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1469 -1470 . Денес е сместена во Уфици во Фиренца.Madonna in Glory with Seraphim.

Делото спаѓа меѓу првите негови автентични творби од циклусот на Мадона. Ослободен од влијанието на неговиот учител сликарот Филипо Липи, Ботичели, во целост го открива својот стил, со монументално и цврсто сликање на фигурите во просторот.

Ботичели успеал, во ова дело, да ги изрази драматичноста на ликот на Богородица како мајка, која е целосно свесна за Исус и неговите страдањан, поради што го држи заштитнички во нејзините раце.

Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.

Наводи

Категорија:Слики од Сандро Ботичели