300px|thumb|right|Дијахрона распределба на келтските народи: мини|десно|300п Келтите од железното и римско време — посебна група на индоевропски народ кој живеел во Европа со свој сопствен келтски јазик.

Најраната археолошка култура која е прифатена како келтска или повеќе како пракелтска, била средноевропската халштатска култура (околу 800-450 г.п.н.е.), именувана според богатите наоди од гробиштата во Халштат во Австрија. До доцниот период на латенската култура (околу 450 г.п.н.е. сѐ до римското освојување), оваа келтска култура се проширила низ многу региони, без разлика дали преку дифузија или преселба: до Британските Острови (островски Келти), Пиринејскиот Полуостров (Келтиберци, Келтици), поголемиот дел од Средна Европа, (Гали) и следејќи ја галската инвазија на Балканот во 279 година пред нашата ера кон исток сѐ до централна Анадолија (Галатинци).

Најраните директно посведочени примероци од келтски јазик се Лепонтските записи, почнувајќи од шестиот век пред нашата ера. Континенталните Келтски јазици се посведочени само во записите и имињата на некои места. Островскиот келтски јазик е посведочен околу четвртиот век од нашата ера во записите огхам од околу осмиот век. Кохерентни текстови од раната ирска литература, како што е Таин Бо Куалнге (The Cattle Raid of Cooley), преживуваат во рецензиите од дванаесеттиот век. Според теоријата на Џон Т. Кох и други, тартезискиот јазик можеби е најраниот директно посведочен келтски јазик со тартезиската напишана скрипта употребена во записите основани на верзијата на фениската скрипта која се употребувала околу 825 година пред нашата ера.

Во почетокот на првиот милениум од нашата ера, по ширењето на Римското Царство и Големата преселба на народите на германските народи, келтската култура се ограничила само на Британските Острови и континенталните келтски јазици широко се употребувале до шестиот век. Културата на островските Келти се преточила во онаа на Галите, Велшаните и Бретонците од средниовековните и нововековните периоди. Современиот „келтски идентитет е конструиран во контекст на романтичарската келтска обнова, најмногу во Велика Британија и Ирска.“

Имиња и терминологија

Хекатеј од Милет, грчки географ, за првпат во 517 година пред нашата ера го употребил зборот Келти за да објасни етничка група, кога пишувал за луѓе кои живеат близу „Мализија“ (Marseile). Латинското име „celtus“ (мн. „Celti“ или „Celtae“) наводно е позајмено од грчкиот јазик, според сведочење на самиот Цезар, а земено од домородно, келтско, племенско име. Плиниј Постариот споменува дека се употребува во Лузитанија како презиме на племе, што е и потврдено со епиграфски наоди. латинскиот назив „gallus“ можеби изворно потекнува од келтско етничко или племенско име, можеби позајмен во латинскиот јазик за време на келтските проширувања во Италија во почетокот на петтиот век пред нашата ера. Неговите корени можеби се наоѓаат во општиот келтски збор „*гално“, што значи моќ или сила. Гали или Галатае најверојатно се сложува со стариот ирски збор гал, ,храброст дивјаштво‘ и велшкиот галлу, ’да биде способен, моќ‘. Грчкиот збор „галатаи“ најверојатно е основан на истиот корен, позајмен директно од истиот хипотетички келтски извор кој нам ни го дава „Гали“ (настанвката „-атаи“ е старогрчка модулација).

Англискиот збор „Келт“ е современ, потекнува од 1707 година во пишувањата на Едвард Луид чиешто дело, заедно со тоа од други учебници од доцниот седумнаесетти век, го доведе академското внимание на јазиците и историјата на овие рани жители на Велика Британија. Англиската форма „гаул“ (прво забележана во седумнаесеттиот век) и „гаулиш“ потекнува од француските „гауле“ и „гаулоис“, кои соодветно ги преведуваат латинските „галлија“ и „галус, -икус“. Во стариот француски јазик, зборовите „гуалеис“, „галоис“, „валоис“ имаат различни значења: Велшкиот или Лангуе д’оил, итн. Од другата страна, зборот „ваулле“ за првпат е забележан во тринаесеттиот век за да се преведе латинскиот збор „галлија“ и тогаш, „гаулоис“ е забележан за првпат во петнаесеттиот век и учебникарите го употребувале за да ги преведат латинските зборови „Галлус“/„Галликус“. Зборот потекнува од германскиот * „Валха-“. Зборот „Welsch“ во англискиот јазик потекнува од зборот „ваелиш“, англосаксонската форма на „валхишка-“, германскиот збор за „странски, надворешен“, или „Келт“ (јужно германски „Велш(е)“ „човек што зборува келтски јазик“, „човек што зборува француски јазик“, „човек што зборува италијански јазик“; Стариот Норски „“валскр“, множина „валир“ „галски“ „француски“), за кој се претпоставува дека потекнува од келтското племенско име „Волкае“, кое најпрво живеело на југот од Германија, а потоа се преселило во Гаул.

The поимот на идентификувачкиот келтски културен идентитет или „келтност“, иако проблематично, се фокусира на јазикот, уметноста и класичните текстови, иако исто така може да вклучи и материјали, артефакти, општествена организација, татковината и митологија. Најраните теории велат дека тоа укажува на заедничко расно потекло, но поновите теории сè повеќе се рефлектираат на културата и јазикот отколку на расата. Келтските култури имале многу различни одлики, но заедничкото меѓу овие различни луѓе била употребата на келтскиот јазик.

„Келтски“ е опис на семејство на јазици и, поопшто, значи „на Келтите“, или „во стилот на Келтите“. Исто така, терминот се употребувал да означи неколку археолошки култури сњфинирани со единствени сетови на артефакти. Врската помеѓу јазикот и артефактите е потпомогната со присуството на записите.

Денес, терминот келтски се употребува за да се опишат јазиците и соодветните култури од Ирска, Шкотска, Велс, Корнвол, Островот на Ман и Британија, кои се познати и како Шесте Келтски Нации. Тоа се регионите во кои сѐ уште се говорат келтските јазици до некое ниво на мајчин јазик: ирски, велшки, шкотски и бретонски плус две неодамнешни обновувања, корнски (еден од бритонските јазици) и манкс (еден од гиоделските јазици). Исто така, постојат и обиди за да се обнови и камбрискиот јазик (бритонски јазик од североисточна Англија и југозападна Шкотска). „Келтски“ понекогаш се употребува и за да се опишат некои региони од Континентална Европа кои имаат келтско наследство, но во коишто не преживеал ниту еден келтски јазик; овие области го вклучуваат западниот Пиринејски Полуостров, т.е. Португалија, и северно-централна Шпанија (Галисија, Астурија, Кантабрија, Кастиља и Леон, Екстремадура) и Централна Франција.

„Континентални Келти“ се однесува на народите кои говорат келтски јазик на копното на Европа. „Островски Келти“ се однесува на народите кои говорат келтски јазик и живеат на британските острови и нивните потомци. Келтите од Британија го добиле својот јазик од инсуларните келтски доселеници од западна Британија и на тој начин соодветно се групирале.

Потекло thumb|300px Келтските јазици формираат гранка од поголемото индоевропско семејство. До времето кога говорителите на келтските јазици влегле во историјата во 400 година п.н.е. , тие веќе биле разделени во неколку јазични групи, и се рашириле во поголемиот дел од западна континентална Европа, Пиринејскиот Полуостров, Ирска и Британија.

Некои научници сметаат дека урнополската култура од Северна Германија и Норвешка претставува потекло за Келтите како одделна културна гранка од индоевропското семејство. Оваа култура била прееминентна во Средна Европа за време на доцното Бронзено доба, од околу 1200 година п.н.е. до 700 година п.н.е., кое што следело по културите Унетисе и Тумул. Урнополскиот период забележал драматичен пораст на населението во овој период, најверојатно поради новитетите во технологијата и земјоделските процеси. Грчкиот историчар Ефорос од Сим во Мала Азија, во четвртиот век од нашата ера напишал дека верува дека Келтите дошле од островите близу устието на Рајна, кои биле „донесени од нивните домови поради честите војни и силното издигнување на морето“.

Ширењето на обработката на железо довело до развој на халштатската културата директно од урнополската (околу 700 до 500 година п.н.е.). пракелтски, најдоцниот заеднички предок на сите познати келтски јазици, од ова училиште се смета дека е говорен во времето на доцната урнополска култура или раната халштстска култура, на почетокот на првиот милениум пред нашата ера. Проширувањето на келтските јазици сѐ до Иберија, Ирска и Британија се случило за време на првата половина од првиот милениум пред нашата ера, најраните гробови датираат од околу 500 година п.н.е. низ вековите тие се развие во одделни келтиберски, коиделски и бритонски јазици.

По халштатската култура следела латенската култура од Средна Европа, и во последните фази од железното доба постепено се трансформирала во експлицитната келтска култура од раните историски периоди. Келтските имиња на реките се пронајдени во голем број околу горните текови на Дунав и Рина, кои натерале многу келтски научници да ја постават етногенетиката на Келтите во таа област.

Диодор Сицилиски и Страбон предложуваат дека срцевината на Келтите била во Јужна Франција. Претходно спомнатите велат дека Галите се наоѓале на запад од Келтите, но и дека Римјаните и двете групи ги нарекувале Гали. Пред откритијата кај Халштат и Латен, општо се сметало дека срцевината на Келтите е Јужна Франција.

Јазични докази Пракелтскиот јазик се поврзува со периодот на раното железно доба. Најраните траги од келтскиот јазик се Лепонтските записи од кисалпинските Гали, од кои најстарите му претходат на латенскиот период. Други рани записи се гаулските, кои се појавуваат од раниот латенски период во записите во областа на Масилија, во грчката азбука. Келтибериските записи споредбено се појавуваат подоцна, околу 200 година п.н.е. докази за Инсуларните Келти се достапни од околу 400 година од нашата ера, во облик на примитивните ирски записи Огхам. Покрај епиграфичките докази, важен извор на информации за раните Келти е топонимијата.

Археолошки докази thumb|300px|десно Во многу академски дисциплини Келтите биле сметани за феномен на централно европското железно доба, низ халштатската и латенската култура. Меѓутоа, археолошките наоди од халштатската и латенската култура биле ретки на Пиринејскиот Полуостров и не овозможувале доволно докази за културно сценарио во споредба со тоа од Средна Европа. Се смета за поденакво тешко да се одржи дека потеклото на полуостровските Келти може да биде поврзано со дотогашната урнополска култура, водејќи до понов пристап кој воведува ’пра-келтски‘ слој и процес на келтизирање кој ги има своите корени во културата Бел Бекер од бронзената ера.

Халштатската (од околу 800 до 475 г.п.н.е.) и латенската култура (од околу 500 до 50 г.п.н.е) од железното доба типично се поврзани со пра-келтската и келтската култура.

Латенската култура се развила и разцветала за време на доцното жлезно доба (од 450 г.п.н.е. до римското освојување во првиот век пред раѓањето на Исус Христос) во источна Франција, Швајцарија, Австрија, југозападна Германија, Чешка, Словачка и Унгарија. Се развила надвор од халштатската култура без некоја дефинирана културна пауза, под движечката сила на значителното средоземно влијание од Грците, а подоцна и од етрурските освојувања. Промена на центрите на населување се случила во четвртиот век.

Западната латенска култура со историските келтски Гали. Тешко е да се одреди дали тоа значи дека целата латенска култура може да биде карактеристична за обединета група на луѓе; археологистите неколкупати заклучиле дека јазикот, материјалната култура и политичките сојузи не се развиваат паралелно. Фреј забележува дека во петтиот век, „обичаите за погребување во светот на Келтите не биле секаде еднакви; уште повеќе, локализираните групи имале свои верувања, кои, последователно, исто така поттикнале многу различни уметничкиизразувања.“ Според тоа, додека латенската култура несомнено е поврзана со Галите, присуството на артефактите од Латен можеби се должи на културниот допир и не го содржу во себе трајното присуство на говорителите на Келтскиот јазик.

Историски докази