321 Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди. 1583 Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј. 1881 Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир. 1900 Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин. 1908 Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција. 1944 Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници. 1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на операта „Продадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев.1962 По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност.1973 Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).1984 Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници.1995 Југославија станала европски кошаркарски првак. 3 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 3 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.