1415 Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор. 1535 Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква. 1885 Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче. 1908 Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II. 1928 Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија. 1943 Во реонот на преспанските села Љубојно — Царев Двор — Долно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри. 1957 Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси. 1964 Малави прогласува независност од Обединетото Кралство. 1966 Малави станува република, со Хејстингс Банда како прв претседател. 1967 Основана светската библиографска организација OCLC. 2002 Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ. 2005 Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија. 6 јули—
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 6 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.