Селце — археолошко наоѓалиште во охридското село Слатино, Општина Дебрца. Претставува населба од средниот век.
Се наоѓа на околу 700 м североисточно од селото, на надморска височина од околу 850 м. Одликите покажуваат дека станува збор за типично средновековно словенско селиште кое континуирано продолжува да постои во денешното село Слатино.
На еден мал срт во средишниот дел на наоѓалиштето се забележуваат основи од помала градба — црквичка во чија северна половина и денес стои стар гроб со насоченост исток-запад, изграден од бигорни плочи.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи