Сушејски Порој (или Сушевски Порој) — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Злеово. Претставува градиште од доцноантичко време.

Високо во планинскиот предел, на едно зарамнето плато со простор од 400 × 200 м, сместено меѓу два длабоки дола, се наоѓаат остатоци од бедем. Влезот во градиштето бил на источната страна, каде се зачувани остатоци од главната порта. На целиот простор се гледаат темели од помали објекти, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко

Наводи