Преку Река — археолошко наоѓалиште крај скопското село Мирковци. Претставува осамен наод од римското време. Од ова место потекнуваат повеќе споменици од бел мермер евидентирани од Н. Вулиќ: надгробна стела од која е зачува делот со латински натпис; дел од релјеф со претстава на Венера и мал крилест гениј; надгробен споменик со релјефно претставена розета, чешел и огледало; горен дел од надгробна стел со розета и претстава на огледало и чекан; и плочест дел со релјефна претстава на воловска глава (букранион) од чија лева страна виси гирланда. Наодите се чуваат во лапидариумот на Музеј на МакедонијаМузејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 379, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Преку Река — осамен наод од римското време; Шуманица — некрополоа од доцноантичкото време; Мирковци; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско;

Наводи

Категорија:Мирковци