мини|340п|Онрјоо од книгита „Кинсеи Каидан Шимојонохоши“.(近世怪談霜夜星) Онрјоо (јап. 怨霊, буквално „одмаздљоубив дух“, понекогаш објаснет и како „гневен дух“), во јапонските традиционални верувања и книжевност, се однесува на дух („јууреи“) за кој се верува дека е способен да предизвика штета во светот на живите, да ги повреди или убие непријателите, па дури и да предизвика природни катастрофи за да ги одмазди или „реши“ гревовите што им биле извршени додека биле живи, а потоа можеле и да им го одземат духот на нивните жртви при умирањето.
Името донекаде се преклопува со , со разликата во тоа што во култот на горјоо, овој дух не е секогаш нужно зол.
Потекло Потеклото на онрјоо е нејасно, но верувањето во нивното постоење може да се пронајде уште во VIII век, и се засновало на идејата дека моќните и разгневени души на мртвите можат да влијаат или да им наштетат на живите. Најраните култови кон онрјоо духовите што се развил бел за принцот Нагаја, кој починал во 729 г.; и првиот запис за опседнување од онрјоо дух кој влијаел на здравјето се наоѓа во хрониката Шоху Нихонги (797 г.), во кој се наведува дека душата на „ го повредил Генбоо (будустички монах) до смрт“ (Хироцугу загинал во неуспешното востание, именувано како „Фуџиуара но Хироцугу бунт“, откако не успеал да го отстрани од власт неговиот соперник, свештеникот Генбоо).For a source that identifies Hirotsugu as onryō, see:A source that gives Hirotsugu as first example on record of "etiological possession" is
Одмазда Традиционално, во Јапонија, се сметало дека онрјоо водени од одмазда можат да предизвикаат смрт на нивниот непријател, како што е во случајот на одмаздољубивиот дух на Хироцугу, кој бил одговорен за убиството на свештеникот Генбоо,; (Also printed in Nihon Bunka Kenkyū Kokusai Kaigi gijiroku (日本文化研究国際会議議事錄) (Volume 1, 1973, pp. 350- (p.356) но исто така биле способни да предизвикаат природни катастрофи како земјотреси, пожари, бури, суша, глад и помор, како е во случајот со духот на принцот Сауара кој бил огорчен од неговиот брат, Императорот Канму. Вообичаено, ваквата одмазда предизвикана од натприродни суштества или сили се нарекува .
Императорот Канму го обвинил неговиот брат Сауара, можеби лажно, за заговор против него за како соперник на престолот, по што тој бил прогонет, и починал од постење. Причината што Императорот ја преселил престолнината во Нагаока-кјоо оттаму во Кјото, во обид да го избегне гневот на духот на неговиот брат, според мислењето на голем број научници. Ова не успеало целосно, па императорот го прекинал проклетството смирувајќи го духот на неговиот брат со извршувањето на будистички обреди за да му оддаде почит и да му ја додели на принцот Сауара титулата на Император, посмртно.
Еден добро познат пример на смирување на онрјоо дух е во случајот на Сугауара но Мичизане, кој бил политички посрамен и починал во егзил. Се верувало дека тоа предизвикало смрт на неговите протвници набрзо, како и катастрофи (особено штети од громови), а судот се обидел да го смири гневниот дух враќајќи му го стариот ранг и позиција на Мичизане. Тој станал обожуван во Тенџин култот, а биле подигнати и Тенман-гуу светилишта за него.
Примери Можеби најпознатиот онрјоо е Оиуа, од народната приказна Јоцуја Каидан. Во оваа приказна сопругот останува неповреден; сепак, тој е целта на одмаздата на онрјоо духот. Одмаздата на Оиуа кон него не е физичката казна, туку психолошките маки.
Други примери ги вклучуваат приказните:
Како сопругата на мажот станала одмаздољубив дух и како нејзината злонамерност била пренасочила од Врач
Во оваа приказна од средновековната колекција, Конџаку Моногатаришуу, напуштена сопруга е пронајдена мртва, со нејзината коса сè уште не падната од нејзината глава, заедно со нејзините коски кои сè уште останале споени. Мажот, стравувајќи од одмаздата на нејзиниот дух, бара помош од . Сопругот во ритуалот мора да ја фати нејзината коса и да го јава нејзиниот труп. Таа потоа се жали на големиот товар и ја напушта куќата за да „оди во потрага“ (најверојатно по мажот), но по еден ден таа се откажува и се враќа, по што врачот е во состојба да го заврши својот егзорцизам фрлајќи и магија.One of the texts cited by Jones:
Прекршено ветување
Во оваа приказна од областа Изумо запишана од Лафкадио Херн, еден самурај и ветува на својата сопруга на смртна постела, дека никогаш нема да се ожени повторно. Наскоро го прекршува ветувањето, а нејзиниот дух доаѓа прво да го предупреди, а потоа да ја убие неговата млада невеста, откинувајќи и ја главата. Чуварите што биле заспани го бркаат привидот и со еден удар на мечот додека читаат будистичка молитва, го уништуваат.
Во медиумите Онрјоо е главна карика на Ј-хорор жанрот, а најзначајни и најпознати духови се Садако Јамамура и Кајако Саеки од Прстенот и Џу-Он франшизите. Ликовите во овие дела се скоро исклучиво жени на кои им биле направени неправди во животот, кои се враќаат како онрјоо вршејќи хаос врз живите, за на крајот да се преродат.
Хисако (久子, „Вечно дете“ или „бесконечно дете“) од третиот дел од борбената игра Killer Instinct (Убиствен Инстинкт), е орјоо која починала при одбраната на своето село. Таа сè уште го прогонува своето старо село и му се одмаздува на секој што ќе ги сквернави нејзините урнатини со нејзината нагината. Таа има бледа кожа и долга црна коса, како и повеќето онрјоо.
Духот на Синтија Веласкес од преживувачката хорор игра Silent Hill 4: The Room (Тивок рид 4: Собата), многу наликува на онрјоо дух.
Во есента 2018 година, за асиметричната хорор игра Dead by Daylight (Мртов до Зори), е објавено DLC (содржини за симнување) поглавјето Shattered Bloodline (Распарчена Крвна Линија), а заедно со него и ликот Рин Јамаока, „Духот“. Духот е онрјоо кој се враќа од мртвите, откако била брутално убиен од страна на нејзиниот татко.
Физички изглед Традиционално, онрјоо и другите јууреи духови немаат посебен изглед. Сепак, со зголемувањето на популарноста на јапонскиот Кабуки театар за време на Едо периодот, се развил специфичен онрјоо костум.
Екстремно визуелен по природа, и со еден глумец кој често зазема различни улоги во рамките на претставата, Кабуки театарот развил систем на визуелни показатели што ѝ овозможуваат на публиката веднаш да открие кој лик е на сцената, како и да ги потенцира емоциите и изразите на глумецот.
Костимот на духови се состои од три главни елементи:
Бело погребно кимоно, или ; Дива, бушава долга црна коса; Шминка за лице која се состои од бела основа (оширои), комбинирана со бои за лице (кумадори) од , слично како што негативците се прикажани во Кабуки уметноста на шминкањето.
Поврзано Икирјоо Еидолон Јапонски урбани легенди Кајако Саеки Список на духови Садако Јамамура Таира но Масакадо Одмаздољубив дух
Наводи
Библиографија Iwasaka, Michiko and Toelken, Barre. Ghosts and the Japanese: Cultural Experiences in Japanese Death Legends, Utah State University Press, 1994.
Надворешни врски Ghoul Power - Онрјоо во филмовите Japanzine од Џон Вилкс Јууреи-га галерија во храмот Зеншоан
Категорија:Јапонска митологија Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Немртви