Црквиште — археолошко наоѓалиште во дојранското село Николиќ. Претставува старохристијанска базилика.

На северната периферија на селото се гледаат остатоци од базиликална градба од IV-V век, со нартекс и егзонартекс. Се забележуваат траги од олтарната преграда, а зачуван е канцел од мермер. Исто така се откриени и фрагменти од богато орнаментирана архитектонска пластика.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско

Наводи