Васил Константинов Танев (9 октомври 1897 – 21 ноември 1941) — македонски комунист, еден од тројцата оперативци на Коминтерната уапсен и суден за соучество во палењето на Рајхстагот во 1933 година.

Животопис Танев е роден во Гевгелија, во Солунскиот Вилает на Отоманската Империја (денешна Република Македонија) и се приклучил на Бугарската комунистичка партија во 1919 година. По неуспехот на Септемвриското востание од 1923 година, тој побегнал во Кралството СХС, а потоа се движел меѓу Советскиот Сојуз и тајните мисии во Бугарија.

Во 1933 година, Танев бил во Германија и работел за Коминтерната под водство на Георги Димитров. На 9 март 1933 година Танев, Димитров и Благој Попов, заедно со другите биле уапсени и обвинети за соучество во пожарот во Рајхстагот. На Лајпцишкиот процес сите тројца биле ослободени.

Танев бил признат како херој при враќањето во СССР, но набрзо потоа бил принуден на самокритика за своето држење при судењето."Our Behavior at the Leipzig Trial", Declaration by B. Popov and V. Tanev, February 25, 1935 Бугарската комунистичка партија му наредила да изврши мисија во Бугарија во 1941 година, каде што бил убиен подоцна истата година близу Лагадина, Солунско.

Наводи

Категорија:Бугарски комунисти Категорија:Бугарофили Категорија:Политичари од Гевгелија Категорија:Починати во 1941 година Категорија:Родени во 1897 година Категорија:Македонски преселници во Пловдив Категорија:Починати во Лагадина