Битка кај Азенкур (, ) — битка во Стогодишната војна. Битката се одвивала на 25 октомври 1415 година (Криспиновден) во близина на Азенкур, во северна Франција. Со неочекуваната англиска победа против помоќната француска армија се зголемил англискиот морал и углед, додека Франција воено ослабела, а со тоа започнал нов период на англиска превласт во војната.

По неколку децении од релативен мир, Англичаните ја продолжиле војната во 1415 година, поради неуспехот на преговорите со Французите. Во походот што следел, многу војници починале од болест, и бројот на англиски војници се намалил; тие се обидувале да се повлечат до Калес, кое било под контрола на Англија, но се нашле со блокиран пат од значително поголема француска армија. И покрај неповолната положба, битката завршила со огромна тактичка победа на Англичаните.

Англискиот крал Хенри V ги водел своите војници во битката. Додека фрацускиот крал Шарл VI не ја командувал француската армија бидејќи страдал од психотични болести и ментална неспособност. Со Французите командувал Шарл д’Албре и разни други истакнати француски благородници од партијата Армањак. Оваа битка е значајна по употребата на велшкиот лак во многу голем број, со тоа што англиските и велшките стрелци сочинувале скоро 80 проценти од англиската армијата.

Азенкур е една од најславните победи во Англија и била еден од најважните триумфи на Англичаните во стогодишната војна, заедно со Битката кај Креси (1346) и Битката кај Поатие (1356). Битката претставува централно дело на драмата Хенри V од Вилијам Шекспир, напишана во 1599 година.

Современи извори Битката кај Азенкур е добро документирана од најмалку седум современи извештаи, од кои што три се очевидци. Приближната локација на битката никогаш не била оспорена, а локацијата останува релативно непроменета и по 600 години.

Веднаш по битката, Хенри ги повикал хералдите на двете војски што ја гледале битката заедно со главниот француски хералд Монтџој и тие се решиле за името на битката како Азенкур, по најблиското утврдено место. Двете најчесто цитирани извештаи доаѓаат од бургундски извори, едно од Жан ле Февре де Сен-Реми кој бил присутен во битката и другиот од Ангеран де Монстреле. Извештајот на англискиот очевидец доаѓа од анонимниот автор на Gesta Henrici Quinti, за кое се верува дека е напишано од капелан во домаќинството на кралот, кој бил дел од позадинската единица на армијата. Неодамнешната повторна проценка на стратегијата на Хенри за походот во Азенкур ги вклучува овие три извештаи и тврди дека војната се сметала за правна процедура за решавање на несогласувањето околу претензиите на францускиот престол.

Поставеност на војските мини|300п|Карта на Битката кај Азенкур. Бојно поле Прецизно каде била локацијата на битката не е познато. Може да биде во тесната лента на отворено земјиште формирано помеѓу шумата Трамекур и Азенкур (близу до денешното село Азенкур). Сепак, недостатокот на археолошки докази на оваа локација довело до идејата дека се водела на запад од Азенкур.Sutherland (2015) Во 2019 година, историчарот Мајкл Ливингстон, исто така поставил можна локација, западно од Азенкур, врз основа на преглед на извори и рани мапи.

Англиската поставеност На почетокот на 25 октомври, Хенри ја поставил својата војска (приближно 1.500 витези и 7.000 стрелци ) на 690 метри долг дел од пролазот. Армијата била поделена во три групи, со десното крило предводено од Едвард, Војвода од Јорк, центарот предводен од самиот крал и левото крило под водство на стариот и искусен барон Томас Камојс. Со стрелците командувал Сер Томас Ерпингам. Веројатно е дека Англичаните ја користеле својата вообичаена борбена линија на стрелци од дветете крила, со витези во центарот. Можно е и да распоредиле некои стрелци во центарот на линијата. Англиските витези биле поставени рамо до рамо. Англиските и велшките стрелци на крилјата поставиле дрвени колци во земјата под агол за да ја принудат коњаницата да се оддалечи. Оваа употреба на колци можно е да била инспирирана од Битката кај Никопол во 1396 година, каде што Отоманското Царство ја користеле тактиката против француската коњаница.

Француската поставеност Француската армија имала 10.000 витези и околу 4000–5000 разни пешаци, вклучувајќи стрелци вкупно 14.000-15.000 војници. Веројатно секој воен напад би бил придружуван од вооружен слуга, додавајќи на уште 10.000 потенцијални борци, иако некои историчари ги изоставиле од бројот на борци.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Проектот за археологија во борбеното поле Азенкур http://tls509.wixsite.com/archaeologyagincourt од Тим Сатерленд (директор на проектот) Музеј Азенкур, пристапено на 9 август 2020 година. - - - Брег, Мелвин (водител), со Ана Кари, Мајкл Џонз и Џон Вотс, 16 септември 2004 година. Детален список на француски жртви Современ извештај за битката напишан од Енгеранд де Монстрелет (г. 1453), гувернер на Камбраи и поддржувач на француската круна. Битка кај Азенкур на поткаст за средновековните архиви „Анимирана мапа на Битката кај Азенкур“ од Дејвид Кроутер „Анимирана мапа на походот Азенкур“ од Дејвид Кроутер

Азенкур Категорија:Судири во 1415 година