„Излегол Јане Сандански“ — македонска народна песна. Песната е посветена на Јане Сандански кој во песната, со пушка на рамо, решил да се прошета на Пирин Планина и да си ја бара четата. Песната е од ајдутски карактер.
Текст -Излегол Јане Сандански, леле да ми се Јане прошета. Низ таа Пирин Планина, леле низ тоа поле широко.
Нарамил пушка на рамо, леле настранил капа на чело. На пат си сретнал овчарче, леле на овчарче вели, говори:
- Овчарче младо чобанче, леле дали ја виде четата? Нели ја виде четата, леле четата на Јане Сандански.
- Видело сум ја слушнало, леле сега за Јане збореа: - Каде е Јане Сандански, леле четата да си прибере.
Надворешни врски Излегол Јане Сандански (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Јане Сандански Категорија:Песни за Пирин Планина