Снежана Младеновска Анѓелков — македонска писателка, родена е во 1977 година во Скопје.

Биографија

Снежана Младеновска Анѓелков живее и работи во Скопје. Дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година. На истиот факултет магистрира во 2012 година и се стекнува со звање Магистер по уметности - област филмска и ТВ монтажа.

Како авторка е вешта во автобиографска документарна проза со силен личен печат и нетипично женско сценарио, кое не се вклопува во однапред сфатени претстави. Во своите романи, Младеновска Анѓелков ги истражува сеќавањата чија моќ на трансформација ја одредува сегашноста, вешто мешајќи урбанофилија, полифонични хроники, архиви на носталгија, документарна проза, премолчена семејна историја.

Нејзиниот прв роман, „Единаесет жени“ (2011), ја освои наградата за „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и доживеа уште четири изданија. Во 2014 година, ја објави книгата филмски есеи „Слики со животна уверливост“ кадешто го објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, и се обидува да укаже на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“. Нејзиниот трет роман, „Луѓето, а не градот“ (2022), е слоевито, хибридно дело, документарна проза, книга посветена на Скопје, кое повеќе не постои. Во 2024 година го објави новиот роман насловен „Јод“.

Како авторка, нејзиното творештво е објавено во значајни антологииМолчи со отворена уста, Снежана Младеновска Анѓелков, Или или, Скопје, 2019 како „Revija malih knjizevnosti“ (2013) Udruga za promicanje kultura ‘Kulturtreger‘, застапена е во тематските збирки раскази „Тивка анестезија“ (2016, „Антолог“), „Скопски раскази“ (2023, Темплум), во антологиите „ Best European Fiction 2017 “ и „ Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) од „ Dalkey Archive Press “, во хрватското книжевно списание „Artikulacije“ (2023) и во „ Michigan Quarterly Review “ (2024) од The University of Michigan.

Учествувала на 11-то издание на „ПРО-ЗА Балкан“, Меѓународен фестивал на литературата (2023).

Член на Друштво на писатели на Македонија од 2022г.

Член на Македонски П.Е.Н. Центар од 2024г.

Дела

Единаесет жени, роман, 2011; Слики со животна уверливост, теоретска книга за филмска монтажа, 2014; Молчи со отворена уста, роман, 2019; Луѓето, а не градот, роман, 2022; Јод, роман, 2024.

Награди

Роман на годината на Утрински весник за 2011 годинаhttps://lektira.mk/avtor/snezana-mladenovska-angelkov/.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Изданија на Или-или