Света Петка — главна селска црква во кичевското село Патец, Македонија.
Црквата се наоѓа под селото Патец и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна на патот. До нејзе, како и до самото село, се стигнува по земјен пат, кој започнува од селото Козичино.
Историја
Камен-темелникот на црквата бил осветен на 10 јули 1996 година, а црквата била осветена на 30 јули 1999 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.
Архитектура
Црквата била изградена од страна на мајсторите Санде и Славе Софрониоски од селото Лазаровци.
Фрескоживопис
Храмот поседува фрескоживопис, кој бил изработен од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.
Иконостас
Во црквата се наоѓа иконостас изработен од резбарот Панта од Кавадарци.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Патец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Патец Патец