мини|десно|Гасеница на губар
Губар (поточно обичен губар, ) — вид молец од семејството на тантелните совици (Erebidae). Има неколку подвидови, од кои некои се недвосмислевно препознатливи (на пр. L. d. dispar и L. d. japonica). Овој молец е внесен на наколку континенти, и денес е застапен во Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Ларвите се разнојадни, и живеат во разновидни листопадни и иглолисни дрва. При најповолни услови, гасениците уништуваат огромни шумски површини. Поради ова, видот се вбројува меѓу 100-те најштетни инвазивни видови на светот. Освен за шумите, во Македонија губарот е особено опасен и по овошките.Овоштарство – Календар за активности во јануари — Современо земјоделство
Подвидови
Народно име Подвид Распространетост Одлики Европски губар Lymantria dispar dispar Европа, западна Азија и северна Африка, внесен во источна Северна Америка Женките имаат крилца, но се безлетни Азиски губар Lymantria dispar asiatica Источна Азија, внесен во западна Северна Америка Женките имаат крилца и можат да летаат; подвидот го привлекува светлина Јапонски губар Lymantria dispar japonica Сета Јапонија Големи мажјаци, многу темна кафеава боја
Европскиот губар (Lymantria dispar dispar) е домороден во умерените шуми на Европа. Внесен е во САД во 1869 г. а во Канада се појавил во 1912 г.
Азискиот губар (Lymantria dispar asiatica) е домороден во Азија, источно од Урал. Од почетокот на 1990-тите забележан е и долж западниот брег на умерена Северна Америка. Од јужна Европа се шири на север во Германија и други земји, каде се вкрстува со европскиот губар. Во 1995 г. е забележана колонија во Велика Британија.
Борба против губарот како штетник Во Северна Америка е воведен паразитоидната бакарна оса од видот Ooencyrtus kuvanae како биолошка мерка во борбата со губарот. Оваа јајцепаразитна оса сепак не се задржува само на губарот, туку врши паразитизам и врз други видови на пеперутки и молци.
Наводи
Надворешни врски
Губар (Lymantria dispar, L.) — Причинители на болести кај растенијата Губар — BugGuide Профил на видот: Европски губар (Lymantria dispar) — Национачлен информативен центар за инвазивни видови на САД
Категорија:Тантелни совици Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј