Раново Село — археолошко наоѓалиште во околината на Делчево. Претставува населба од доцната антика.
Се наоѓа на 5 км западно од градот, во нивата на С. Трајковски, како и во соседните ниви. По површината има многу парчиња од покривни ќерамиди, питоси и керамички садови. С. Трајковски нашол и повеќе монети од Јустинијан I и Проб кои се сопственост на Љупчо Трајковски од Делчево.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцна антика; Долно Градиште — населба од неолитско време; Кула — кула од средниот век; Могилка — тумул од железно време; Раново Село — населба од доцна антика; Студена Чешма — могила од римско време; Чапаница — населба од доцна антика; Чука — населба од неолитско време; Делчево; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
Категорија:Делчево