Гробишта - Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Косевица кај градот Македонска Каменица. Претставува населба од римско време
Источно од училиштето и во близината на селските гробишта, на поголем простор се гледаат урнатини од црква, а по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, при обработувањето на земјата наидувале на темели од објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 129, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — градиште од доцна антика; Гробишта — населба од римско време; старохристијанско време; Кукли — некропола-тумули од доцножелезно време; Косевица; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи