Ѓурѓина Ливада — археолошко наоѓалиште во околината на местото Луковица кај градот Македонска Каменица. Претставува тумул, населба и црква од железно време , римско време и старохристијанско време.
Источно од селото и во непосредната близина на стариот пат Каменица - Делчево, во нивата на Мане Стојменовски имало 2 тумула кои сопственикот, при нивелирањето на земјиштето за сеидба на ориз, во голема мера ги уништил. Притоа се најдени не колку керамички садови и повеќе метални предмети, како и бронзен меч со должина од 0,50 м, од типот „Ербенхеин“. По површината на нивите, на поголем простор се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. На јужниот крај на наоѓалиштето се гледаат урнатини од старохристијанска црква. Мечот се чува во Музеј на Македонија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 130, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ѓурѓина Ливада — тумул; населба; црква од железно време; римско време; старохристијанско време; Могили — могили од римско време; Луковица; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи