Даутов Чукар — археолошко наоѓалиште во околината на местото Стар Истевник кај градот Делчево. Претставува градиште од доцната антика.

На местото каде што од главниот пат Делчево - Пехчево се издвојува патот кон селото Истевник се издига висок рид со доминантна положба. Врвот на ридот е зарамнет простор со површина од околу 150 × 100 м на која се зачувани темели од бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината се среќаваат и фрагменти од керамички садови, тегули и покривни ќерамидиКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 131, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Браниград - Ѓурова Црква — црква од старохристијанско време; Грамаѓе — населба; црква од римско време; старохристијанско време; Даутов Чукар — градиште од доцноантичкото време, старохристијанска црква и некропола; Стар Истевник; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;

Наводи

Категорија:Стар Истевник