Нарцис е – слика, масло на платно од Микеланџело Мериси да Караваџо, насликана е околу 1597–1599 година, а е изложена во Националната галерија за античка уметност (Италија) во Рим. CARAVAGGIO E L’ENIGMA DI NARCISO.
Ова е една од двате познати слики на Караваџо на тема од класичната митологија. Нарцис, според поетот Овидиј во „Метаморфози “, е симпатичен младич која се вљубуваа во сопствениот одраз. Не можејќи да се оддели од себе, тој умира од својата страст, па дури и додека ја преминува реката Стикс тој продолжува да гледа во сопствениот одраз . Опис Караваџо насликал младич облечен во елегантен брокатен дублет, потпрен со двете раце над водата, додека гледа во оваа своја искривена рефлексија. Во сликата е присутна меланхолија: фигурата на Нарцис е заробен во својот одраз, опкружена со темнина, така што единствената реалност е во овој лавиринт е самиот тој. Литературниот критичар од 16 век, Томазо Стиљани го објаснил современото размислување, дека митот за Нарцис „јасно го покажува несреќниот крај на оние кои премногу ги сакаат своите дела и постапки“ La storia del “Narciso” della Galleria Nazionale d’Arte Antica di Palazzo Barberini.
Стил
Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Чувство за атмосферата . Ова е една од редките слики на Караваџо, која е синтеза на интимнаата и митолошката тема. Неговиот стил е своевиден ран барок во кој се насетуваатдури и некои елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски реализам. .
Техника на сликање
Караваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја припремал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите. Во ова дело, тој уште повеќе го затемнува колоритот, сметувајчи го колоритот во доминантно црна површина со светлосни акценти кои ја наговестуваат драматичната заробеност на ликот во сопствениот одраз. Narciso Michelangelo Merisi detto Caravaggio.
Влијание
Во рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рајн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа), но, во ова дело се чувствува и далечно наговестување на импресионистичката директност а директно влијание врз исликарството како и на мајсторите на подоцнежните митолошки сцени.сцени Narciso cantato da Ovidio.
Библиографија
CARRASAT, Patricia: Maestros de la pintura, Spes Editorial, S.L.2005. ISBN 84-8332-597-7 : fiche de l’œuvre au musée du palais Barberini. , réédition annotée par Arnauld Brejon de Lavergnée (coll. « Idées et recherche ») en 1999 puis mise à jour pour l'édition de 2010. . : catalogue des expositions du Metropolitan Museum of Art (New York) et du Museo Nazionale di Capodimonte (Naples) en 1985. . Надворешни врски Narcis na Web Gallery of Art Målningens presentation hos museet
Наводи
Категорија:Слики од Караваџо