Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Безиково. Претставува населба од доцноантичко време и старо-христијанска црква. Во непосредната близина на маалото Острици, на тераса оградена со високи ридови се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Спорадично има и остатоци од топена железна руда. На северниот крај на наоѓалиштето се наоѓа црквата Св. Атанас која е изградена во поново време, врз темелите на старохристијанска црква.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069

Поврзано

Безиково; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи