Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува населба од развиениот среден век.
Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, на потегот меѓу Грко Поле и Велмеј. Ова е всушност најсеверната од трите „горици“ - тумби што се протегаат на овој простор. Најсеверната има зарамнет врв кој, според остатоците на групации камења по рабовите, сигурно бил утврден во облик на неправилен круг со пречник од околу 50 м. По површината наместа се среќаваат фрагменти од средновековни керамички садови.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи