Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Вранинци. Претставува населба и некропола од Доцната антика и старохристијанска црква. Во непосредната близина на истоименото маало, на поголем простор се среќаваат фрагменти од керамички садоци, питоси и покривни ќерамиди. Некрополата и старохристијанската црква се на највисокиот дел на чуката. На овој простор се забележуваат големи грамади од градежен материјал.

Поврзано

Вранинци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи