Градиште — археолошко наоѓалиште виско над скопското село Барово, Општина Сопиште. Претставува градиште од доцноантичкото време.

Опис На 2 км северно од селото се издига највисокиот врв на западниот крај на Водно, наречен КалеКале (8426741) — GeoNames. Малото карпесто плато на врвот со доминантна местоположба има димензии од 110 × 110 м и на него се гледаат остатоци од одбранбен ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се гледаат темели од повеќе градби за живеење и темели од старохристијанска базилика, остатоци од цистерна за вода, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско Барово — осамени наоди од римско време; Св. Атанасија — некропола од римско време.

Наводи