Кавгалија (Момин Поток) — археолошко наоѓалиште во скопската населба Визбегово/Момин Поток, Општина Бутел. Претставува некропола од доцноантичко време.
На 1 км југоисточно од Скупи, на подрачјето на селото и околу 500 м западно од патот Скопје-Качаник се гледаат остатоци од некропола. Од оваа некропола потекнуваат две надгробни мермерни стели со релјеф и латински натпис. На едната од нив се споменува селото Кавадин (vicus Cavadinus).
Стелите се чуваат во Музејот на Град Скопје.
Поврзано Скупи Список на археолошки наоѓалишта во Скопско
Наводи
Категорија:Момин Поток