Регионален пат 1105 (ознака: Р1105) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 50,7 километри и 9 делници. Го поврзува гевгелиското село Миравци со државната граница со Грција, кај граничниот премин „Дојран“.
Во него влегува и кракот кој води до селото Николиќ.
Делници
Регионалниот пат 1105 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 9 различни делници.
+Протегање на регионалниот пат Делница ПочетокКрајПотег (км) — врска со 0,01421Миравци (автопат)Миравци (Милетково)0,0 - 1,51232Миравци (Милетково)Давидово1,5 - 5,81248ДавидовоУдово (автопат)5,8 - 6,91249Удово (автопат)Валандово (Брајковци)6,9 - 16,41250Валандово (Брајковци)Раброво16,4 - 20,81251РабровоФурка20,8 - 29,91252ФуркаНов Дојран (Ачикот)29,9 - 35,51253Нов Дојран (Ачикот)35,5 - 44,8 — 50,7
Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1254 до селото Николиќ во должина од 5.899 метри, со што вкупната должина на Р1105 е 50,7 километри.
Поврзано Регионални патишта во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Регионални патишта во Македонија